🔁 Услови за користење – Големи и Среќни

Големи и Среќни – Продавница за големи броеви на облека

Последна промена: 04.10.2025

1. Општи одредби

Нашата цел е да бидете целосно задоволни од купувањето. Доколку по приемот на нарачката имате потреба да вратите или замените производ, тоа можете да го направите во рок од 7 дена од денот на прием на пратката, во согласност со условите подолу.

2. Услови за враќање или замена

Купувачот има право:

  • Да побара замена на производот за друг број или модел, или
  • Да побара враќање на уплатените средства (рефундација)

Под следниве услови:

Барањето треба да биде испратено најдоцна во рок од 7 дена од прием на пратката преку е-пошта или телефон.

Производот мора да биде неоштетен, неносен, неперен и со оригиналните етикети.

3. Трошоци за достава

Купувачот ги сноси трошоците за достава во двата правци (и првичната и повратната).

Производите се враќаат без откуп при достава (без „плаќање при прием“).

Во случај на замена, новиот производ повторно се испраќа откако ќе биде примена и проверена вратената стока.

4. Процес на враќање на парите за купен производ

По прием на враќаниот производ, истиот ќе биде прегледан.

Доколку е утврдено дека производот е неоштетен и неупотребуван, рефундацијата се извршува во рок од 5 работни дена од денот на прием на производот.

Средствата се враќаат на трансакциска сметка во било која македонска банка, наведена од купувачот.

Не се врши рефундација во готовина ниту со откуп при достава.

Во случај на замена, новиот производ повторно се испраќа откако ќе биде примена и проверена вратената стока.

5. Производи што не подлежат на враќање

Следниве категории производи не подлежат на враќање или замена:

  • Производи кои покажуваат траги од носење, перење или оштетување.
  • Производи со отстранети или оштетени етикети.
  • Производи со мириси од парфем, прашок, пот или други материи.

6. Како да поднесете барање за враќање

а поднесување барање за враќање или замена, контактирајте не преку:
📧 info@plussize.mk
Преку порака на нашата Фејсбук страна.

При контакт наведете:

  • Вашето име и презиме
  • Број на нарачка
  • Причина за враќање или замена
  • Број на трансакциска сметка и име на банка (ако барате рефундација)