Медицински пристап за слабеење – слабеење без диета

Вршиме препорака до центри за слабеење и обезнос во болници во Истанбул. Ве препорачуваме во најдобрите институции кои меѓудругото се со многу конкурентни цени и врвни експерти воспоставени како непрофитни институции. Доколку сакате да разговарате за различните начини со помош на кои медицината може да ви помогне да изгубите телесна тежина, ние ќе ве препорачаме кај нив .

За да добиете препорака од нас , потребно е да ни испратите кратка електронска порака на info@plussize.mk или преку нашиот формулар за Контакт со вашето име, презиме и дата на раѓање.

Потоа ние до вас ќе проследиме две лица со контакт телефони кои зборуваат Македонски и со кои можете да разговарате понатаму.

Наскоро тука ќе најдете повеќе детали за сите медицнски пристапи во слабеење што ги нудат овие две болници и нивните експерти.

Како што веќе можеби знаете, јас имам лично искуство со баријатриска операција на желудник во болница во Истанбул изведена од врвен експерт со 25 години искуство во Франција и Норвешка. Сепак, медициски третман на дебелина односно обезност е исклучиво индивиудална одлука што мора вие сами да ја донесете, и доколку се решите за некаков третман, тука сме да споделиме искуство, да ве препорачаме кај најдобрите кои тоа го вршат за конкурентни цени. Во однос на цените за медицинските интервенции, тие се одлучуваат индивиудално од болницата, на основа на пациентот и неговата здраствена состојба, но добар водич е дека sleeve resection односно кратење на желудник е околу 4750 евра додека пак балон во желудник кој го имате привремено е околу 10.000 евра.