За нас – Големи и Среќни – големи броеви на облека

Инспириран од сопствениот мал недостаток на прекумерна тежина и соочен со проблем да најдам соодветна облека за себе, решив да го одпочнам овој бизнис Големи и Среќни – продавница за големи броеви на облека каде што на луѓето како мене кои имаат прекумерна тежина барем малку ќе им го направам живтот поудобен со тоа што ќе им го олеснам пристапот до облека која не е претесна, во која се дише, облека која е удобна, облека која е достапна да се купи, и облека која доаѓа по разумна цена и нуди добра вредност и добар квалитет.

Јас лично знам дека секој човек со прекумерна тежина пред се сака да ја намали истата доколку може, затоа тука нудам разни начини и пристапи како да се постигне тоа и имам лично искуство со многу од нив. Има посебна секција за диети и совети за слабеење. Јас имам и лично искуство со баријатриски оперативен зафат, односна кратење на желудник преку операција со цел намалување на телесната тежина. Доколку ве интересираат медицински пристапи за губење телесна тежина или слабеење без диета, нудиме препораки до најдобрите и најконкуретните експерти во оваа област. Можете да размислувате и да одберете свој пристап, нешто што вам ќе ви помогне да ја намалите сопствената телесна тежина и ви посакуваме успех, но дотогаш ние сме тука да ви го направиме животот поудбен со тоа што ќе ви дадеме можност да носите удобна облека од големи броеви, облека со висок квалитет по цена која нуди голема вредност за парите што ги давате.

Можете да разберете повеќе за моето лично патување до отварање на овој бизнис по нашиот пост  Големи и Среќни – Патување кон удобност, самодоверба и нов животен стил