Класичен машки кожен каиш во црна боја, со ширина од 3,5 cm, наменет за мажи кои бараат елегантен, практичен и удобен каиш во големи броеви. Поради класичниот изглед, одлично се комбинира со панталони, фармерки, кошули и поелегантни секојдневни комбинации.
Каишот е изработен од едно парче, без наставки, што му дава поубав изглед, подобра цврстина и поквалитетно прилегање. Може лесно да се скрати според потреба преку шрафот кај токата, а по желба може да се направи и дополнителна дупка за подобро прилагодување на половината.
Црната боја го прави практичен избор за секој ден, но и за посвечени прилики. Погоден е за мажи кои носат големи броеви и сакаат класичен каиш што изгледа уредно, стабилно и лесно се комбинира со различна облека.
Достапни должини: од 140 cm до 170 cm.
Карактеристики:
- Класичен машки каиш големи броеви
- Боја: црна
- Ширина: 3,5 cm
- Кожен модел
- Изработен од едно парче
- Без наставки
- Може да се скрати според потреба
- Прилагодување преку шрафот кај токата
- Можност за дополнителна дупка
- Погоден за панталони, фармерки и елегантни комбинации
- Практичен за секојдневно носење и посвечени прилики
Водич за големини
| Големина | Обем на половина |
|---|---|
| 2XL | 140 cm |
| 2XL | 145 cm |
| 3XL | 150 cm |
| 3XL | 155 cm |
| 4XL | 160 cm |
| 4XL | 165 cm |
| 5XL | 170 cm |
| 5XL | 175 cm |
| 6XL | 180 cm |











